МекКалум со 50 поени во големата победа против Чикаго

Портланд блејзерс го прегази Чикаго со 124-108 благодарение најмногу на одличната партија на Си Џеј МекКалум. Ѕвездата на Портлант го заврши мечот со фантастични 50 поени, додавајќи на тоа и пет скока и две асистенции.

Уште во првата четвртина, МекКолум зад своето име веќе имаше 28 поени со што го урна клупскиот рекорд по бројот на постигнати поени во прва четвртина. По првите 12 минути, „блејзерси“ имаа 24 поени предност и ја најавија триумфалната вечер.

Втората четвртина ја загубија со 24-25, но тоа не ги исфрли од ритам. Веќе во следната четвртина Портланд го зголеми водството на +27, а во завршниот дел рутински ја завршија работата и заслужено славеа голема победа против Чикаго.

Покрај неприкосновениот МекКолум кој беше апсолутно доминантен на теренот, во противничкиот табор кај Чикаго најефикасен беше Зак Лавин со 23 поени.

Се вчитува...