Мексиканците едвај дочекаа: А кој си оди дома сега…

Мексиканските фудбалери беа максимално разочарани по осминафиналната елиминација од Бразил, уште повеќе откако од „кариоките“ беа обвинети за груба игра. Дел од Бразилците им порачаа на своите ривали дека „сега ќе го следат остатокот од мундијалот на ТВ“, па јасно е зошто Мексиканците ги дочекаа петте минути за одмазда.

„Кој си оди дома сега“ – гласеше пораката на мексиканскиот капитен Андрес Гвардадо, упатена до Нејмар и соиграчите.

Се вчитува...