Ко-домаќинот Мексико во голем стил стигна до првото место во својата група на овој мундијал, забележувајќи ја и третата победа откако рано утрово славеше со 3-0 над Чешка, за трет триумф без примен погодок во низа на светското првенство.
Одбраната повторно беше непробојна за противникот, а нападот профункционира дури во вториот дел, откако во првиот мрежите мируваа. Чавез Гарсија го отвори резултатот во 55. минута, а Кињонес со голот шест минути ја осигура победата. Во самиот финиш, печат за конечни 3-0 стави „резервистот“ Фидалго.
Селекцијата на Јужна Африка загуби од Мексико на свеченото отворање, но оваа африканска селекција освои четири бода оттогаш и испиша историја, за првпат обезбедувајќи пласман во нокаут фазата од едно светско првенство. По ремито со Чешка во втората рунда, јужноафриканските фудбалери направија подвиг во пресметката со Јужна Кореја, славејќи со минимални 1-0 за вкупно четири освоени бода и освојување на второто место во групата.
Масеко беше херојот на Јужна Африка, постигнувајќи го победничкиот гол кон средината на второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
