Мело се враќа во Њујорк?

Кармело Ентони по едногодишна пауза од кошарката доби шанса во дресот на Портланд претходната сезона, а по доброто издание оваа сезона би можел да се врати во дресот на Њујорк каде помина шест сезони.

Десеткратниот „ол-стар“ играч на 36-годишна возраст бележеше просек од 15.4 поени, 6.3 скока и 1.5 асистенции на 58 одиграни натпревари, притоа шутирајќи со 43% реализација од поле и 35.5% за три поени со што докажа дека уште има сила за натпреварување во најсилната кошаркарска лига на светот.

На радарот на Никс се уште и Гордон Хејворд и Џеф Тиг, со кои најверојатно би составиле тим способен за влез во плејофот. Предност во потпишувањто на Ентони е во ветеранскиот договор со кој тимот од Њујорк покрај солиден играч, би добил и ефтина и прифатлива цена.

Се вчитува...