Мемфис е во криза, Гасол се скара со тренерот

Мемфис тоне се подлабоко во криза откако „гризлите“ загубија пред своите гледачи од Бруклин со 88-98, што е осми пораз во низа и најлоша „црна серија“ во последните девет години. Тензијата е голема, па така и центарот Марк Гасол влезе во конфликт со тренерот Физдејл, кој воопшто не го стави шпанскиот центар во игра во последната четвртина. Се споменува и барање за „трејд“, но повеќе од очигледно е дека тешко ќе се најде излез од големата криза во која се најде Мемфис сезонава.

Мајами како гостин славеше на гостувањето против Чикаго со 93-100. Мајами постигна само седум поени во првата четвртина (13-7), најмалку во клупската историја, но потоа проработе нападот на „жешките“, кои на крајот заслужено се радуваа на победата. Горан Драгиќ беше предводник на победничкиот тим со 24 поени, пред Елингтон со 19 и Џонсон со 15 поени.

Резултати НБА:

Чикаго – Мајами 93-100, Минесота – Феникс 119-108, Мемфис – Бруклин 88-98.

Се вчитува...