Репрезентацијата на БиХ стигна до суперзначајна победа над Катар на стадионот во Сиетл, а Амар Мемиќ не ја криеше благодарноста до навивачите кои им дадоа огромна поддршка на избраниците на селекторот Барбарез и на овој натпревар.
„Овде беше како да играме дома, пред нашиот народ, а се наоѓаме во Америка. Горд сум на себе, на момците, на целата држава. Сите може само да слушате и да уживате во оваа атмосфера“, еуфоричен беше Мемиќ по победата.
БиХ има огромни шанси за влез во нокаут фазата, а таму речиси сигурно ќе се сретне со победникот во групата каде што прва е селекцијата на САД.
„Математички гледано, ќе играме со САД или со Германија. Поголеми се шансите наш ривал да е САД, јас би сакал да е така, би сакал да им покажеме на Американците како се навива и пред нив, во нивната држава… Победивме против Катар, но сега никој не размислува да застане. БиХ нема намера да запре во својот поход“, порача за крај фудбалерот на Виторија Плзењ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
