Менхенгладбах ја почувствува моќта на „баварската машина“… (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах успеа само да го налути Баерн Минхен во 30. коло од Бундеслигата поведувајќи со 0-1, за потоа да доживеа вистински дебакл од 5-1.

Гостите први поведоа во Минхен со голот на Дрмиќ во 9. минута. Но, Баерн со двата гола на Вагнер во 37. и во 41. минута веќе до полувремето имаше предност од 2-1.

Во второто полувреме, стрелаа уште Алкантара, Алаба и Левандовски за конечна победа на „баварската машина“ од 5-1.

Баерн Минхен продолжува да биде суверен владетел во германскиот фудбал сега со 75 бода на врвот, 23 бода повеќе од второпласираниот Шалке 04.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...