Мерион Бартоли му се враќа на професионалниот тенис

Французинката Мерион Бартоли му се враќа на професионалниот тенис. 33-годишната Бартоли ќе започне повторно да настапува на ВТА турнирите, откако доби лекарска дозвола. Таа во 2013 година сензационално го освои Вимблдон, а два месеци потоа објави дека се повлекува од активно играње тенис поради здравствени проблеми.

Сега Мерион е повторно подготвена за тениските искушенија.

„Восхитена сум што можам да објавам дека се враќам на ВТА турнирите. Едвај чекам да почнам повторно да играм тенис“, изјави Мерион Бартоли.

Се вчитува...