Мерцедес го промовираше новиот болид, а Хамилтон новата фризура

Шесткратниот формула 1 шампион, Луис Хамилтон објави изненадувачки фотографии со драстично подолга коса од вообичаената фризура. Во пресрет на новата сезона во која Британецот ќе го брани трофејот, Хамилтон на Инстаграм објави фотографии со текст „пештерски човек“.

Во перидот на пауза, Хамилтон го привлече вниманието и поради состанокот со големиот ривал на неговиот Мерцедес, Ферари. Ова бидејќи тој има уште една година од договорот со актуелнит тим, а средбата со Ферари беше протолкувана како обид на италијскиот тим да почне разговори за евентуален трансфер.

Во меѓувреме, Мерцедес го промвираше болидот за претстојната сезона која почнува на 15. март со трката за Големата награда на Австралија.

 

 

 

 

Се вчитува...