Мерцедес неприкосновен: Хамилтон со нов рекорд до пол-позиција во Франција

Мерцедес доминантно ги мина квалификациите за Големата награда на Франција, со победа на Луис Хамилтон кој до пол позицијата стигна со нов рекорд на патеката и време од 1:28.319.

Мерцедес денеска во Франција беше апсолутно недостижна за ривалите. Битката за пол позиција се водеше помеѓу Луис Хамилтон и Валтери Ботас, за да на крајот актуелниот шампион победи пред тимскиот колега.

Шарл Леклер беше најблиску до возачите на Мерцедес, па ќе стартува како трет на утрешната трка со нешто над половина секунда заодоцнување, додека Макс Верстапен иако имаше над една секунда побавно време ќе стартува како четврти откако Себастијан Фетел се соочи со проблеми и имаше време само за седмо место.

Од четвртата и петтата позиција на утрешната трка ќе стартуваат возачите на Мекларен, Ландо Норси односно Карлос Саинц, а меѓу најбрзите десет се најдоа и Даниел Рикиардо, Пјер Гасли и Антонио Џовинаци.

Се вчитува...