Мештаните викнале полиција поради тренингот на тениската ѕвезда, мислеле дека снима филм за возрасни

Поранешниот освојувач на УС Опен, двократниот финалист на Роланд Гарос и финалистот на Австралија Опен, Доминик Тим со напорни тренинзи се обидува да се врати во претпознатливата форма која ја загуби поради повреда, но истите донесоа и невкусна ситуација во австрлискиот град Трајскирхен.

Имено, мештани биле вознемирени од неговото стенкање и викање на тренинг, а откако го виделе без маица се решиле да викнат полиција бидејќи мислеле дека снима филм за возрасни.

„Ова не е прв пат да ми се случи такво нешто. Но, секогаш ми е смешно. Ги разбирам зошто тоа го направија. Кога тренирам викам и извикувам чудни звуци“, прокоментира Тим.

Се вчитува...