Меси: Еден ден ќе се вратам во Барселона

Лео Меси по дваесет години поминати во Барселона ова лето замина од „Камп Ноу“ и се пресели во редовите на ПСЖ. Овој трансфер изненади многумина, а до него најверојатно немаше ни да дојде доколку каталонскиот тим не се соочи со големи финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирус.

Сега говорејќи во интервју за шпанскиот „Спорт“, Аргентинецот откри дека сака повторно да се врати во Барселона и да „заплива“ во функционерските води.

„Не знам кога ќе заврши мојот договор со ПСЖ, но сигурно повторно ќе живеам во Барселона бидејќи таму е мојот живот. Тоа го сака мојата сопруга исто како и јас. Секогаш говорев дека сакам да му помогнам на клубот, да бидам корисен и да му биде добро. Сакам да бидам технички секретар еден ден. Не знам дали тоа ќе биде во Барселона или не, но ако ми се даде прилика ќе ја прифатам. Сакам повторно да соработувам со клубот кој многу го сакам. Сакам Барселона да напредува и да продолжи да биде еден од најдобрите клубови во светот“, изјави Меси.

Се вчитува...