Меси го кажа своето: ДА за Нејмар, НЕ за Гризман

Барселона го потврди Ернесто Валверде за тренер и за наредната сезона, по што управата на каталонскиот гигант се врти кон активностите на фудбалскиот пазар и обидите да го засили тимот за догодина конечно да стигне и до нова титула во Лигата на шампионите. Приоритет ќе биде нападот, носење на засилување кое би го намалило притисокот од Меси и од Суарез, а кога станува збор за трансферите, тука челниците редовно се консултираат со аргентинската мегаѕвезда.

Според каталонските медиуми, Меси директно му соопштил на претседателот Бартомеу дека ќе биде грешка доколку биде ангажиран Антоан Гризман. Според него, Французинот имал незгоден карактер, а како аргумент Меси го искористил и ланскиот однос на Гризман, кога во последен момент се премислил при договорениот трансфер на „Камп ноу“.

Меси смета дека далеку подобра опција за Барса ќе биде да се врати Нејмар, за чиј трансфер ПСЖ е подготвен да преговара со каталонскиот гигант. „Светците“ ќе бараат околу 200 милиони евра, но Барса има три адути во преговорите, Дембеле, Кутињо и Ракитиќ. Станува збор за тројца одлични фудбалери кои се наоѓаат на листата со желби на ПСЖ, па и двата клуба сметаат дека може да биде постигнат договор.

Се вчитува...