Меси и тоа го дочека: Се сеќаваш ли на мене, играше со татко ми…

Лео Меси се приближува до својата фудбалска пензија, предзнак за тоа му е фактот дека почна да се среќава на терен со синови на свои поранешни соиграчи…

Токму тоа беше случај на синоќешниот дуел меѓу Аргентина и Исланд, по чие завршување на Лео му пријде Даниел Гудјонсен, синот на прославениот голгетер Еидур Гудјонсен кој своевремено мина краток период како соиграч на Меси во Барселона.

„Се сеќаваш ли кој сум јас? Тоа ми го кажа прво кога ми пријде… Искрено, бев изненаден, а потоа ми кажа кој е, дека е синот на Гудјонсен. Се сеќавам на едно мало детенце што трчаше со татко си на некои тренинзи. Тогаш беше толку мал, а сега…“, со насмевка ја прокоментира Меси оваа несекојдневна ситуација.

Се вчитува...