Меси ќе игра за Аргентина, но нема веќе сликање, автограми…

Лионел Меси се враќа во дресот на аргентинската репрезентација, но асот на Барселона веќе јасно ставил до знаење дека тоа ќе го стори само доколку бидат задоволени условите што тој самиот ќе ги одреди како задолжителни за да продолжи да го носи дресот на „гаучосите“. Неговиот камбек се очекува на претстојното гостување во Ријад против Мароко, а Меси јасно стави до знаење дека не сака да биде третиран како „кукла за публицитет“.

Тој нагласил четири услови што мора да бидат прифатени за да се приклучи на подготовките на националниот тим и да отпатува за Мароко.

 

1. Да игра најмалку 60 минути од натпреварот.

2. Забрането фотографирање или било каков контакт меѓу него и навивачите.

3. Автограм нема да можат да добијат ниту мароканските фудбалери.

4. Меси нема да го смени дресот со ниту еден противнички играч.

Нема што, условите му се самобендисани, но Аргентинците немаат избор, па прифатија… само за повторно да ја имаат својата најголема ѕвезда во националниот тим.

Се вчитува...