Меси му одговори на Роналдо: Мојата дисциплина доведе…

На Светското првенство, новинарите му покажаа на Лео Меси изјава од Бразилецот Роналдо во која тој зборуваше пофално за него, на што Аргентинецот одговори со голема почит кон легендарниот фудбалер.

Со хет-трик против Алжир, Меси скокна на првото место на вечната листа на стрелци заедно со Мирослав Клозе (16 гола), а потоа го престигна, откако постигна уште два гола во натпреварот против Австрија.

Кога новинарите му ја покажаа таа изјава, Меси се насмевна, а потоа реши да ја потсети јавноста колку повредите и операциите влијаеле на Роналдо предвреме да ја заврши кариерата.

„Вистината е дека тој претрпе многу сериозни повреди, не само еднаш, туку неколку пати. Јас, фала му на Бога, имав среќа да имам доволно дисциплина и грижа да не претрпам сериозни повреди, никогаш не морав да одам во операциона сала, а тоа секако игра голема улога во тоа како одат работите“, рече Меси.

Се вчитува...