Лионел Меси одигра уште еден меч за паметење на светските шампионати, уривајќи го рекордот на Мирослав Клосе и стигнувајќи до бројката 18 мундијалски погодоци, за нов апсолутен рекорд на Аргентинецот на најголемата сцена.
Фановите на Меси веднаш се јавија со споредба, потсетувајќи на неуспесите на Кристијано Роналдо на светските шампионати…
Статистиката вели дека Меси само на последните четири натпревари постигнал исто толку голови на светските првенства колку што Кристијано има во својата кариера, по осум.
Меси постигна еден гол во полуфиналето од СП 2022 со Хрватска, потоа два во големото финале и победата над Франција, за супериорно да го стартува и новиот мундијал, со хет-трик против Алжир надополнет со два погодоци на денешниот меч со Австрија.
Наспроти него, Роналдо е без постигнат гол на последните десет средби на големите натпреварувања (европски и светски првенства).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
