Меси не мораше да замине?! – Одекна гласот на Куман, реши да го прекине молкот и ги откри сите контроверзии во Барселона!

Роналд Куман молчеше четири месеци, а потоа реши да даде одлично интервју за холандските медиуми во кое откри се што се крие зад неговото заминување од Барселона. Куман доби отказ на почетокот на ноември, оттогаш не се огласи, но сега откри важни детали за случувањата во Барса.

Куман тврди дека никогаш не ја почувствувал поддршката од Жоан Лапорта и неговата управа, но и дека Чави добил повеќе време и доверба за својата работа.

„Лапорта илјада пати ми кажа дека Чави нема да биде тренер бидејќи му недостига искуство. Имам впечаток дека од првиот ден немав поддршка од управата и Жоан Лапорта. Нема да одам на ‘Камп Ноу’ некое време, не можам да се правам добро додека овој претседател е на функција … И јас би сакал да ги добијам засилувањата кои Барса ги донесе оваа зима. Од почетокот на оваа сезона работев без многу играчи. Сега Педри и Дембеле се тука и тимот изгледа прилично добро. Едноставно не го добив истиот третман како Чави. Сакам работите да одат на подобро. Среќен сум за играчот, особено за Френки де Јонг, кој конечно игра на ниво. Тој е врвен играч“, изјави Куман.

Холанѓанецот се осврна и на болната тема за заминувањето на Лео Меси.

„Поради администрацијата морав да се согласам да елиминирам некои важни играчи бидејќи економската ситуација беше лоша. Сепак, по заминувањето на Лео Меси, видовме дека клубот донесе играч за 55 милиони, па се поставува прашањето зошто Меси мораше да замине?“, рече Куман.

По ова интервју следуваше и демант од Барса кон Куман. Од таму се потврди дека Феран Торес е донесен за 55 милиони, но по принципот на плаќање во следните четири години, а првата рата да биде во сезоната 2022/23. Второ, Куман по доаѓањето го имаше квартетот Меси, Суарез, Гризман и Дембеле, а се појави и извонредниот Ансу Фати.

Се вчитува...