Меси освои нов трофеј и го постигна 100. гол за Интер Мајами

Лео Меси продолжува да доминира на северноамериканскиот континент откако аргентинскиот генијалец стигна до јубилејниот 100. погодок во дресот на Интер Мајами.

Голот не можеше да стигне во подобар момент, бидејќи Меси стрелаше прецизно во „Кампеонес купот“ и го предводеше Интер Мајами до трофејот со победата од 2-0 над Круз Азул. Станува збор за натпреварување во кое се среќаваат шампионите на американската МЛС и на мексиканската лига, дуел во кој овојпат подобар беше Интер Мајами токму благодарение на Меси.

Интересно, Лео голот го постигна со глава по центаршут на Луис Суарез, а конечните 2-0 ги постави Кашемиро. Ова беше деби на новиот тренер на Интер, Кили Гонзалес, кој веќе на првиот меч се закити и со трофеј со новиот клуб.

Меси стигна до бројката од 100 постигнати погодоци за само 115 одиграни натпревари, од кои 76 гола постигна во МЛС-лигата, 14 во лига-купот, 8 во Конкакаф лигата на шампионите и еден на клупскиот мундијал.

Се вчитува...