Меси: Ова се мечеви за кои се живее и се игра фудбал

Барселона убедливо го совлада Ливерпул на „Камп Ноу“ и со три гола речиси го резервираше местото во финалето на ЛШ кое оваа година ќе се одигра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Блескаше Лионел Меси кој постигна два гола, а првиот погодок на мечот беше дело на Луис Суарез.

„Ова е се мечеви кои посебно го инспирираат секој фудбал. За ова се живее и се игра фудбал. Среќен сум и поради триумфот без примен гол, и поради моите голови. Во првото полувреме бевме супериорни, но постигнавме само еден гол. Не беше лесно, бидејќи Ливерпул одлично играше висок пресинг во нашето поле. Но, потоа знаевме како да се справиме со тоа. Сепак, да почекаме, има и реванш во Ливерпул“, изјави Лионел Меси.

Аргентинецот вечерва ја проби и бројката од 600 гола во дресот на Барселона во кариерата.

Се вчитува...