Меси: Претседателот на Барселона ме навреди, никој никогаш не ме прашал да играм бесплатно

Летото 2021 година ќе биде запомнето по трансферите на Лео Меси и Кристијано Роналдо. Португалецот се врати во Манчестер Јунајтед, додека Аргентинецот по две децении замина од Барселона и премина во редовите на ПСЖ.

Најверојатно до трансферот на аргентинскит ас немаше да дојде, но поради финансиските проблеми Барселона не можеше да ја задржи својата легенда во клубот. На темата заминување сега говореше и самиот Меси кој ги отфрли гласините дека му било понудено да игра беспари.

„Вистина е дека дадов се да останам, но никогаш не ме прашаа да играм бесплатно. Ме прашаа да ја намалам платата за 50 отсто и се согласив на тоа без проблем. Бев во позиција да му помогнам на клубот. Но, никој не ме праша да играм бесплатно, така да зборовите на претстдателот немаат смисла. И тоа ме боли бидејќи не требаше тоа да го каже. Тоа ги тера луѓето да мислам или да се сомневаат во мене, а јас тоа не го заслужувам“, изјави Меси.

Се вчитува...