Меси стигна до 50 гола сезонава, Барса ремизираше со Еибар

Барселона ремизираше со 2-2 на гостувањето против Еибар, ставајќи крај на сезоната во „Ла Лига“ што каталонскиот гигант ја заокружи со нова шампионска титула. Лионел Меси постигна два погодоци на денешниот меч, со што аргентинскиот генијалец стигна до бројката од 50 постигнати погодоци сезонава.

Кукурела ја доведе екипата на Еибар во водство по една слаба интервенција на голманот Силесен, но Меси со две одлични реализации направи целосен резултатски пресврт. Сепак, пред крајот на првото полувреме повторно на сцена стапи Силесен, овојпат со непотребен излет надвор од сопствениот шеснаесетник. Голманот на Барса ја одби топката со глава, но таа дојде до Де Бласис, кој со удар од триесетина метри го лобуваше холандскиот чувар на мрежата.

Еибар ја имаше и најубавата шанса за победа во второто полувреме, но Кукурела од пет метри шутираше над голот.

Се вчитува...