Лионел Меси со олеснување застане пред новинарите по синоќешниот триумф над Зеленортските острови, откако Аргентина дури по продолженијата го скрши отпорот на дебитантот и избегна сензационална елиминација од овој светски шампионат.
Настапот на африканската селекција изненади многумина, но не и најдобриот фудбалер на светот, кој со големи комплименти говореше за противникот по последниот судиски свиреж.
„Ние сме Аргентина и треба секогаш да играме на највисоко ниво. Се обидовме и денеска, но не беше лесно бидејќи имавме квалитетен противник. Луѓето ќе кажат дека сме очекувале да биде лесно, дека сме се опуштиле и сме го потцениле противникот, но верувајте – тоа не беше случај. Тие се навистина добри, па во групната фаза останаа непоразени и од Шпанија и од Уругвај, тоа доволно говори за нивните квалитет. Ние почнавме добро, поведовме, а потоа наместо да продолжиме во ист ритам – застанавме и се повлековме. Бевме казнети за тоа, таа лекција мораме да ја научиме за да не ја повториме грешката на наредниот натпревар“, прокоментира Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
