Меси во кариерата нема победено само против два клуба

Лионел Меси пред една година стана фудбалер со најмногу победи во историјата на Барселона. Тогаш со победата над Реал Бетис (4-1) во која Меси постигна хет-трик, стигна до 477 победа во кариерата. За тоа му беа потребни 674 натпревари, односно неверојатни 100 помалку од дотогашниот рекордер Чави.

Во кариерата легендарниот Аргентинец нема остварено победа само против два клуба. Како 17-годишник третиот натпревар во кариерата го играше против третолигашот Грамената во кој Барселона изненадувачки беше елиминирана од Купот на кралот.

Еден од последните натпревари пред паузата поради пандемијата од Ковид-19 беше осминафиналето во Лигата на шампионите против Наполи кое заврши 1-1. Бидејќи Меси претходно немал шанса да се сретне со Калчолигашот, ова е само вториот клуб во кариерата против кој не успеал да забележи победа.

Се вчитува...