Месинa го „заборавил“ Лоренцо: Не сум го видел Браун три недели

Искусниот шпански кошаркар со американско потекло, Лоренцо Браун, нема да се сеќава со задоволство на почетокот на својот мандат во Армани Милано, бидејќи отсуствува од теренот три недели, а дека работите не одат во вистинската насока наговести и тренерот на „манекенот“ Еторе Месина, посочувајќи дека веќе некое време не го видел својот кошаркар.

Браун последен пат беше на теренот кон средината на октомври на натпреварот од Евролигата против Баерн Минхен , по што следеше повреда на листот на ногата што го оддалечи од теренот со недели.

Неодамнешниот член на првиот тим на Панатинаикос отсуствуваше на четири натпревари од Евролигата, а според Месина, Браун нема да го видиме на теренот барем уште неколку недели.

„Искрено, заборавив како изгледа. Поминаа три недели откако го видовме… Чекаме уште неколку недели, кога треба да се врати и повторно да почне да тренира со нас“, рече Месина.

Се вчитува...