Месут Озил во јануари дефинитивно го напушта Арсенал

Сагата околу иднината на Месут Озилно конечно е готово. Германскиот интернационалец во јануари месец ќе го напушти Арсенал и ќе се пресели во американската МЛС лига. Неколку тима се во комбинација за потписот на искусниот фудбалер, а како најголем фаворит се споменува името на клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Месут Озил кој зема најголема плата во Арсенал веќе подолго време е надвор од тимот, а менаџерот на „топчиите“ Микел Артета во неколку наврати истакна дека не смета на неговите услуги.

Озил во Арсенал од редовите на Реал Мадрид премина во 2013 година. Во седум години поминати на „Емирејтс“ тој запиша 184 натпревари, а 33 пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...