Металург без Филип Кузмановски против Мотор!

Металург ќе биде значајно ослабен за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Мотор откако беше обелоденето дека Филип Кузмановски воопшто не отпатувал со остатокот од тимот на мечот во Украина.

Капитенот на „металурзите“ настрада на дуелот од СЕХА-лигата против Загреб, па иако повредата не е премногу сериозна сепак стручниот штаб не сакаше да ризикува, па Кузмановски остана дома додека остатокот од тимот отпатува за Харков со лет преку Истанбул.

Македонскиот вицешампион на овој меч ќе биде предводен од страна на Александар Јовиќ, откако Лино Червар повторно отсуствува поради обврски кон хрватската ракометна репрезентација.

Средбата со Мотор Запорожје се игра утре со почеток од 15 часот по македонско време.

Се вчитува...