Металург го доби „братското дерби“ во Автокоманда

Првиот тим на РК Металург во премиерниот меч од новата сезона во ракометната Суперлига беше подобар во „братското дерби“ на Автокоманда од Металург2 со убедливи 30-37.

Натпреварот почна неизвесно, а вториот тим на „металурзите“ одлично му парираше на поискусниот тим до 20 минута од мечот кога резултатот беше (10-11) за условно гостите на мечот. Од тогаш поискусните металурзи со серија од 0-9 ги решија сите дилеми околу победникот на мечот, а на полувреме заминаа со предност од 12-20. Во вториот дел дојде до опуштање на избраниците на Дамир Стојановиќ кои во 54. минута му дозволија на противникот да се доближи на минус пет. Сепак, по побараниот тајм-аут металурзите ги консолидираа редовите и стигнаа до конечна победа од 30-37.

Милан Поповиќ со осум гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај Металург2 се истакна Дарио Кофиловски со десет гола.

Во останатите натпревари од првото коло се среќаваaт: Работнички – Струга (сабота, 13 часот), Пролет – Охрид (сабота, 19 часот), Радовиш – Вардар јуниор (сабота, 19 часот) и Пелистер -Бутел (вторник, 18.30 часот).

Се вчитува...