Металург го испроба теренот во Цирих (ФОТО)

Ракометарите на Металург конечно ја завршија одисејата со патувањето кон Цирих и одржаа тренинг во салата каде што утре попладне ќе биде одигран возвратниот натпревар од квалификациите за пласман во групниот сегмент во Европа лигата. Нашиот состав на реваншот ќе брани два гола предност кои ги обезбеди на воведната средба одиграна во Скопје. Ако успее да го мине Криенс, Металург ќе обезбеди подолг европски престој преку групите во новоформираното натпреварување на ЕХФ.

 

Се вчитува...