Металург денеска (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува Монпелје, во натпреварот од 7.коло во групата Д од Лигата на шампините. Монпелје е лидер во групата и единствената екипа со максимални шест победи во првите шест натпревари од групната фаза во ЛШ.
Македонскиот вицешампион предводен од Александар Јовиќ, ќе има исклучително тешка задача против првиот фаворит да се рехабилитира по неочекуваниот пораз од Чеховски медведи во претходното коло. Но, Јовиќ верува дека „металурзи“ со борбена и пожртвувана игра, може да го изненадат противникот.
„Без разлика што Монпелје се уште нема пораз во Лигата на шампионите, наша обврска ќе биде да покажеме дека заслужуваме да сме членови на Металург. Монпелје секако, е фаворит, но тоа не значи дека со борбена и со трпелива игра во нападот нема да можеме да извлечеме позитивен резултат“ – оптимистички најави Александар Јовиќ.
Монпелје ја има улогата на фаворит, но и многу проблеми со повреди на играчите. Поради тоа, Патрис Канаје во Скопје доаѓа со преполовен состав и ќе мора да бара алтернативни решенија за да ја сочува победничката серија и сигурното прво место во групата. Во составот на Монпелје за денешниот меч покрај Лудовик Фабрегас, ќе го нема ни шпанскиот плејмејкер, Диего Симонет, кој се повреди на последниот дуел против Саран во францускиот шампионт, но и вториот среден бек, Килијан Вилмино, отустен поради болест. Во ваква ситуација, организацијата на играта во Монпелје останува на младиот француски ракометар Жан Луп Фостин кој вообичаено нема голема минутажа во натпреварите во ЛШ.
„Поразот на Металург од Чеховски медведи беше изненадување особено што Металург направи убава серија под водство на новиот тренер. Со сегашната состојба во групата кога четири екипи се уште се во игра за второто место, работите ќе се решаваат во овие две кола, овој и наредниот викенд. Натпреварот со Металург е дуел шти ние треба да го добиеме“ – истакна тренерот на Монпелје, Патрис Канаје.
На првиот натпревар на стартот од сезоната, Металург на гостувањето во Франција претрпе убедлив пораз од Монпелје (32-22), но тренерот на францускиот тим смета дека на денешниот меч во Скопје ќе имаат многу потешка задача за да дојдат до бодовите.
„Овој натпревар ќе биде многу поинаков од првиот дуел во Монпелје, тоа е сигурно. Нашиот тим поради повредите не е истиот што играше тогаш. Покрај тоа, ние веќе не сме изненадување во ЛШ, туку тим што победува и што другите го „бркаат“. Како што одминува сезоната, натпреварите се се посложени. Настојуваме да останеме фокусирани и да сториме се што можеме за да ја продолжиме победничката серија“ – вели тренерот на Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА