Металург го „скрои“ планот за подготовките: Учество и на два турнири во август

Металург, под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ, подготовките за новата сезона ќе ги почне кон крајот на јули, најверојатно на 25. или на 26. јули. Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6. до 12. август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.

Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири. Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15. до 19. август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22. до 25. август. Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.

„Нашите обврски во македонската Суперлига ќе почнат со одигрување на првото коло, кое е планирано на 7/8 септември, но претходно ќе треба да се одигра Суперкупот, за чија дата на одигрување ќе се постигне договор со Вардар“ – велат од РК Металург.

Се вчитува...