Металург „лавовски“ до првите бодови во ЛШ

Ракометарите на Металург ја запишаа првата победа сезонава во Лигата на шампионите. По серијата од два порази, „металурзи“ на домашен терен славеа против Спортинг со 28-27, во натпреварот од 3.коло во групата Д. Силната мотивација и многу поголемата ангажираност на ракометарите на Металург во однос на претходните два натпревари, им го донесоа посакуваниот резултат и првата победа во ЛШ сезонава. Како што најави тренерот Александар Јовиќ, кој во отсуство на Лино Червар, неделава ја подготвуваше екипата за дуелот со Спортинг, „металурзи“ конечно заиграа тимски  и „лавовски“, посебно во нападот. Спортинг на денешниот натпревар настапи без Карлос Руезга кој се повреди непосредно пред натпреварот, а Металург знаеше да ја искроисти својата шанса што им ги донесе и првите бодови.

metalurg sporting2

Во изнедначеното прво полувреме, Металург прв дојде во водство, но во продолжение позитивата се менуваше на едната и на другата страна.  Металург одигра многу поагресивно во одбраната, најчесто со Филип Кузмановски напред, што им отвори простор и за брза реализација во нападот и уште во 7.минута, „металурзи“ прв пат дојдоа на два гола предност со погодокот на Вања Илиќ за 3-1.

Двете загубени топки го нападот на Металург брзо беа казнети од португалскиот тим со успешна реализација на Иван Никчевиќ од контра за 3-4. Сепак, Металург успеа одново да се врати во позитива. Одговорноста во нападот ја презеде капитенот Филип Кузмановски кој или поентираше или успешно асистираше до Жарко Пешевски. Четирите одбрани на Дарко Арсиќ, внесоа дополнителна сигурност во играта на Металург кој во 19.минута прв пат го зголеми водството на +3 (11-8). Но, шансата на домаќинот да се одлепи на победзбедна дистанца пропадна откако Лино Червар побара тајм-аут и заигра со седум играчи во напад без голман, но фамозната тактика „7 на 6“ овој пад не го донесе посакуваниот резултат, па Металург наместо да ја заголеми разликата, прими два гола во серрија што одново го врати Спортинг во игра на десетина минути пред крај на првиот дел.

metalurg sporting5 lino cervar

За среќа на Металург, во финишот на полувремето Дарко Арсиќ беше сигурен на голот, запиша десет одбрани во првото полувреме, а добар ритам „металурзи“ фатија и во нападот и на одмор заминаа со нависока преднсот од 17-13.

На стартот од второто полувреме, Спортинг се обиде со подблабока одбрана да го сопре нападот на Металург, но Португалците немаа решение за расположениот Кузмановски кој со проектили од 9-10 метри ја одржуваше предноста на домаќините. Исклучувањето на Дарко Димитриевски во 38.минута  му отвори можност на Спортинг да ја намали негативата, но гостинскиот тим не ја искористи предноста со играч повеќе. „Металурзи“ успеаја да се одбранат, па дури и да постигнат гол со играч помалку за 22-18.

На почетокот од последната четвртина, падна малку темпото на Металург, три напади на „сините“останаа без реализација, а се засили притисокот на португалскиот тим кој постигна два гола во серија и намали на 24-22. Конечно, Вања Илиќ ја прекина лошата серија на „металурзи“, но, возврати и Спортинг на другата страна. Со вкупна серија од 4-1, гостите на девет минути пред крај дојдоа на -1 (25-24). Но, „металурзи“ успеај да го издржат притисокот. грешките во нападот беа компензирани со сигурна игра во одбраната.

metalurg sporting1 arsic

Палевски беше успешен реализатор од седум метри, а Анѓелиќ со погодок од далечина на празниот гол на Спортинг, го врати Металург на безбедна предност. Мерталург на пет минути пред крај имаше водство од 27-24 и напад за +4,  но, не ја искристи првата шанса да ја зголеми предноста и мирно да влезе во финишот. Наместо да ја осигура победата, Металург прими два гола во серија (27-26). На три минути пред крај гостите останааа со четворица играчи на терен, но Алјоша Чудиќ го одбрани нападот. Спортинг дојде во шанса за изедначување, но поранешниот играч на Металург, Јанко Божовиќ ја погоди стативата, а на спротивната страна казни Металург со погодокот за 28-26 на неполна минута пред крај. Португалците поентираа во последниот напад за конечните 28-27.

Филип Кузмановски со шест гола беше најефикасен кај Металург, пет гола постигна Давор Палевски, а по четири погодоци запишаа Халил Јагањац и Божо Анѓелиќ. Дарко Арсиќ го заврши натпреварот со 14 одбрани на голот на Металург. Кај Спортинг, нападот го предводеше Карлос Карнеиро со шест гола.

Во следниот натпревар во Д групата, Металург на 8 октомври во Украина му гостува на Мотор Запорожје.

Се вчитува...