Металург на пат за Виена без Хорват, Лазаревски и Маркоски

Ракометарите на Металург тргнаа за Виена каде во вторник ќе му гостуваат на Фајверс Лигата на Европа. Металург за главниот град на Австрија отпатува со истиот тим кој играше против Чеховски Медведи, а тренерот Димитриоски на овој меч нема да може да смета на Златко Хорват, Милан Лазаревски и Велко Маркоски.

Металург во првиот натпревар во Скопје против австрискиот тим одигра нерешено и тоа е единствениот освоен бод за тимот од Автокоманда сезонава во Лигата на Европа.

Натпреварот во Виена меѓу Фајверс и Металург ќе се игра во вторник со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...