Металург на турнир во Русија

Ракометарите на Металург во интензивниот период за подготвки кратко беа во Скопје по враќањето од Копаоник, а веќе се во Русија каде во Чехово од утре до недела ќе бидат дел од квалитетен подготвителне турнир.

Прв противник на Металург утре ќе биде екипата на Чеховски Медведи, в сабота македонскиот состав ќе се соочи со Мешков Брест, а в недела настапот ќе го заврши со дуел против Стеауа.

Турнирот во Чехово ќе се игра во спортската сала “Олимпијскиј“, со капацитет од 3000 места.

 

16 август (петок)

16.30 ч.: Мешков Брест – Стеауа

19.00 ч.: Чеховски Медведи – Металург

17 август (сабота)

14.00 ч.: Металург – Мешков Брест

16.00 ч.: Стеауа – Чеховски Медведи

18 август (недела)

14.00 ч.: Стеауа – Металург

16.00 ч.: Чеховски Медведи – Мешков Брест

Се вчитува...