Металург несреќно загуби на контролата со Шербург

Актуелниот куп освојувач на Металург загуби од екипата на Шербург со 21:22 (12:12) на контролниот турнир кој се одржува во францускиот Монлисон.

Тренерот Кастратовиќ и на оваа средба направи максимален број на измени, за да сите ракометари ја добијат својата шанса. Голем пех беше исклучувањето на Стефан Додиќ, на почетокот од второто полувреме, бидејќи тој во тој момент беше нашиот најдобар поединец.

Во борба за третото место, денеска Металурзите ќе се сретнат со Шаран, додека во финалето Шербург ќе игра против Спортинг.

Се вчитува...