Металург носи екс-голман на Вардар

Замиинувањето на Мартин Томовски во бундеслигашот Лудвигсхафен и на Никола Даниловски во Охрид ги натера челниците на Металург да ја интензивираат потрагата по нов голман, кој ќе настапува во тандем со ветеранот Даниел Дупјачанец во наредната сезона. Изборот на „металурзите“ на крајот падна врз поранешниот член на Вардар, Даниел Ѓорѓески, кој во текот на летово ќе се пресели во суперлигашот од Автокоманда во обид да влезе во посакуваниот натпреварувачки ритам.

Ѓорѓески не добиваше премногу шанси за настап во Вардар, по што се пресели во Пелистер. Неочекувано, тој најпрвин беше суспендиран од управата на битолскиот клуб, по што си замина од таборот на „пелистерци“, па сега како член на Металург ќе се обиде да ги потврди своите голмански квалитети.

За потсетување, поранешниот првак на Македонија веќе потпиша договори со Хрватот Маријан Мариќ, како и со грузискиот ветеран Реваз Чантурија.

Се вчитува...