Металург прокоцка девет гола разлика и освои само бод во Украина

Металург одигра нерешено 28-28 на гостувањето во Украина против Мотор Запорожје. „Металурзи“ одиграа одлично прво полувреме, стигнаа и до девет гола разлика, но во вториот дел го прокоцкаа сето тоа, падна концентрацијата, направија серија грешки и во неизвесна завршница успеаја да спасат само бод.

„Металурзи“ одлично го отворија натпреварот и одиграа фантастично прво полувреме на гостувањето во Харков. Веќе по првите шест минути, македонскиот вицешампион имаше предност од 1-5 што беше најава за офанзивата на Металург. Во овој дел од натпреварот добро функционираше одбраната на Металург и комплетно ги исфрли од ритам домашните ракометари кои тешко доаѓаа до реализација. На добрата игра во одбраната се надополни и Дарко Арсиќ на голот со осум одбрани во првите 30 минути. Во нападот Александар Јовиќ во поголем дел играше со седум на шест и сето тоа функционираше речиси беспрекорно за „металурзи“.Сето тоа му донесе предност и доминација на Металург на теренот во Харков и нервозна игра на домаќинот кој не успеваше да најде решение за ваквата мотивирана игра на противникот.

На средината од вториот дел Металург со погодокот на Мартин  Велковски дојде до неверојатни +9 поведувајќи со 3-11. Цели девет минути домаќините беа без погодок, а „металурзи“ успешно ја казнуваа секоја грешка на Мотор. Во последните пет минути, Металург влезе со прдност од 9-16, но домаќините во завршницата на полувремето успеаја да постигнат три гола и да ја намалат негативата на 12-18.

Домаќините офанзивно тргнаа во второто полувреме и со двата погодоци во серија на Козакевич дојдоа на четири гола разлика (14-18). Две клучни одбрани на Арсиќ го вратија Металург во ритам, по што следуваа два погодци на „сините“ и нова сигурна предност од 14-20. Новата серија на домаќините од 4-0 одново го однесе Металург во опасната зона. Мотор намали на 18-20, а Александар Јовиќ реагираше со тајм-аут и се обиде да ги мотивира своите играчи да ја надминат психолошката блокада и да го доиграат натпреварот онака како што го почнаа во првиот дел. Но, Металург не го искористи првиот напад со играч повеќе во нападот по исклучувањето на Денисов во противничкиот табор. И да биде уште полошо, дозволи и да прими гол со играч повеќе и му дозволи на Мотор да дојде на само гол разлика (19-20) во 40 минута од натпреварот. По неколку миниту без погодок, конечно Мартин Велковски ја прекина лошата серија постигнувајќи го 21 гол за Металург. Но, несигурната игра на „металурзи“ продолжи и во наредните минути. Анжелиќ ја испушти топката, а Мотор брзо казни  и одново дојде на опасната линија намалувајќи на 20-21 на средината од вториот дел, а набрзо потоа и на 21-22. Во наредните минути се играше гол за гол.Металург успеваше да се задржи во водство, но притисокот на домаќините се повеќе се засилуваше како што одминуваше натпреварот. На десет минути пред крај, Мотор не ја искористи првата шанса да дојде до изедначување, Арсиќ беше на вистинско место и го сопре ударот на Шелменко. На спротивната страна поентираше Жарко Пешевски, но брзо возвратија и ракометарите на Мотор. за 25-26 на осум минути пред крај. Во многу важен момент за Металург, Гуглета не искористи семдерец и домаќините повторно дојдоа во шанса за изедначување. Но повторно Арсиќ ја спаси ситуацијата и предноста на Металург запишувајќи ја 12 одбрана.

Арсиќ погреши, а на спротивната страна казни Денисов и на Мотор му го донесе првото изедначување на 26-26 на шест минути пред крај. Одново Металург поведе, и одново Мотор беше во шанса за изедначување, но овој пат клучна улога имаше младиот Мартин Томовски кој го замени Арсиќ на голот и одбрани два седмерци, а Жарко Пешевски погоди за ново водство на Металург со 26-28. Но натпреварот беше далеку од решен. На минута ипол пред крај, Мотор дојде до ново изедначување со голот на Пуховски за 28-28, а Јовиќ побара тајм-аут. Во последната минута, Моторт остана со играч помалку по исклучувањето на Тцелитцев, но Металург не успеа да го искористи последниот напад за победа. Но, не ги искористи ни Мотор последните седум секунди за завршниот напад и мечот заврши без победник со конечните 28-28.

Најефикасен кај Металург беа  Гуглета и Јагањац со по седум гола, Дарко Арсиќ го заврши натпреварот со   12 одбрани. Кај Мотор Запорожје прв стрелец беше Захар Денисов со седум гола.

Во следното коло , на 14 октомври, Металург му гостува на Чеховски медведи.

Се вчитува...