Металург си поигра со Работнички

Металург го декласираше Работнички со 51-23 во натпревар од 14. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Домаќините уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и со одлична игра особено во фазата на напад на полувреме заминаа со плус тринаесет 23-10.

Во второто полувреме разликата на семафорот само се зголемуваше, а на крајот „металурзите“ стигнаа до убедлив триумф од 51-23.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Кондев со 12 гола, Вујовиќ додаде 8, а Поповиќ и Шилегов имаа по шест. Кај Работнички, Палевски беше најефикасен со десет гола.

Се вчитува...