Металург со одлична ждрепка – Криенс стои на патот до групите од ЛЕ

Металург има извонредна можност да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа откако денешната ждрепка од второто квалификациско коло му беше наклонета на поранешниот македонски првак. Швајцарскиот прволигаш Криенс ќе биде ривалот на „металурзите“ во оваа финална квалификациска рунда, при што нема сомнеж дека тимот на Зоран Кастратовиќ ќе ја има фаворитската улога.

По елиминацијата на хрватскиот тим Спачва, „металурзите“ ќе мора да ја кренат играта во однос на последниот меч во Винковци, но македонскиот претставник дефинитивно поседува и квалитет и искуство за да го мине Криенс. Швајцарскиот состав во минатата рунда го елиминираше хрватскиот претставник Дубрава со две победи од 29-27 и 28-19.

Првиот натпревари ќе се игра на 22 септември во Скопје, а реваншот е закажан за една седмица подоцна во Швајцарија.

Се вчитува...