Металург со победа против Партизан го заврши турнирот во Кањижа

Во последниот натпревар од Кањижа Купот, Металург убедливо го совлада белградски Партизан, со 28-23 (12-11). Со оваа победа, Металург го заврши турнирот на третото место.

Металург и на оваа средба настапи со преполовен состав. Но, Пеџа Мијатовиќ одигра уште еден добар натпревар и средбата ја заврши со 10 одбрани.

Најдобар стрелец кај Металург повторно беше Мице Шилегов, со седум постигнати голови.

Металург од Кањижа ќе замине вечерва и ќе преспие во Лесковац, каде утре, со почеток во 17.30 часот, ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Дубочица. Веднаш по тој натпревар Металург се враќа во Скопје.

Се вчитува...