Металург тргнува по пласман во групната фаза од Лига Европа

Швајцарскиот Криeнс е последната препрека на патот на Металург до пласман во групната фаза од новата Европа Лига што ЕХФ ја воведе од оваа сезона. Нашиот тим треба да го мине овој двомеч од второто коло во квалфикациите и да си обезбеди подолг престој на меѓународна сцена сезонава.

Металург веќе мина едно квалфикациско коло, со хрватската Спачава и во тој двомеч влезе добро, на домашен терен обезбеди сеум гола предност што секако е опација која треба да се повтори затоа што гостувањето во Хрватска беше силно предувпредување бидејќи „метлаурзите“ таму претрпеа пораз, но ја минаа рундата поради повисоката победа на домашен терен.

Криeнс има добра резултатска серија во последниов период, нема пораз на осум натпревари. Металург пак забележа три пбоеда во домашниот шампионат. Нашиот тим во полн состав вечерва во „Јане Сандански“ (20:45ч) ќе го пречека Криeнс. Тренерот Зоран Кастратовиќ ги има сите ракоемтари на располагање откако се покажа дека тесовите за COVID-19 се негативни за сите челнови на тимот. Реваншот е закажан за 29. септември во Швајцарија.

Во тимот на Криенс според пријавените состави ќе биде и Јануш Лапајне за кој исто така фигурираше во тимот и на претходните две средби кои ги одигра швајцарскиот состав, но не беше на теренот.

 

 

 

 

 

Се вчитува...