Металург убедливо славеше против Дубочица

Враќајки се од турнирот “Кањижа Куп“, ракометарите на Металург одиграа пријателски натпревар против српскиот суперлигаш Дубочица од Лесковац на кој славеа убедливо со 25-34 (12-16).

Иако „металурзите“ одиграа со преполовен состав, сепак максимално ја надиграа Дубочица. По убедливиот старт и водството од 0-8 веднаш се беше јасно на дуелот. Во продолжението се беше само рутина за македонскиот тим. Противникот резултатски најблиску до Металург стигна во 32. минута, кога беше 14-17, но потоа македонските ракометари повторно го засилија темпото и во 47. минута дојдоа до максималните +9, 18-27. Со оваа иста разлика средбата и заврши, со конечни 25-34.

Се вчитува...