Металург во ново издание му гостува на Мотор Запорожје

Без Лино Червар на клупата и без капитенот Филип Кузмановски во составот, Металург денеска (15 ч.) во Харков му гостува на Мотор Запорожје во натпреварот од 4.коло во групата Д од Лигата на шампионите. Тренерот на Металург им се посвети на селекторските обврски со репрезентацијата на Хрватска и во негово отсуство, како и на претходниот натпревар во СЕХА лигата, ќе го води неговиот помошник, Александар Јовиќ. Кузмановски пак отсуствува поради повредата на скочниот зглоб што ја обнови на дуелот против ППД Загреб.

Иако улогата на фаворит ја имаат домаќините, „металурзи“ и без Кузмановски,  ќе настојуваат да ја повторат играта што им донесе победа против Спортинг во претходното коло во ЛШ.

За разлика од Металург кој стартуваше со два порази, а во третото коло ја забележа првата победа во годинашната сезона, домаќините се во обратна улога. Сезоната кја отворија со убедлива победа против Чеховски медведи (36-23), потоа и против Спортинг во гости (23-31), а во третото коло беа поразени од Монпелје (28-20).

„Против Монплје одигравме многу лош натпревар, не исполнивме ни 50 проценти од планот. Знам дека можеме да играме подобро и треба што побрзо да го заборавиме овој меч. Фокусирани сме на дуелот со Металург. Ги корегираме пропустите и се надевам дека против Металург ќе играме многу подобро во одбраната и ќе бидеме поефикасни во нападот. Ја анализрираме играта на противникот, знаеме што може да очекуваме од нивниот напад и како да ги сопреме. Исто така знаеме што може да одигра Металург во одбраната на 6-0 и на 5-1“ – вели тренерот на Мотор Запорожје, Патрик Роимбел во изјавата за клупскиот сајт.

По првите три кола во групата Д во водство на табелата е Монпелје со максимални три победи, Мотор, Бешикташ и Спортинг имаат по 4 бода, а на последните две позиции се Металург со 2 бода и Чеховски медведи без бодови.

Се вчитува...