Металург во руска офанзива ги „лови“ Чеховски медведи

По украинското реми против Мотор Запорожје во претходното коло, ракометарите на Металург викендов тргнуваат во „руска офанзива“. „Металурзи“ денеска (15 ч.) му гостуваат на тимот на Чеховски медведи, во натпреварот од 5.коло во групата Д од Лигата на шампионите.

Рускиот тим е во лоша серија и по првите четири кола е на дното на табелата без освоен бод, со два гостински и два порази на домашен терен од Монпелје (24-28) и од Бешикташ (27-29).

Според формата и резултатите сезонава, Металург е во малку подобра позиција во однос на противникот, со една победа во групната фаза против Спортинг (28-27) и реми во претходното коло на гостувањето против Украина (28-28). Македонскиот вицешампион на овој деул поркоцка девет гола разлика и речиси сигурна победа. Шанса за поправен, „металурзи“ ќе имаат на денешнто гостување во Чехово.

И на овој натпревар, Металург ќе настапи без капитенот Филип Куамзновски кој има повреда на скочниот зглоб. На клупата ќе го нема и првиот тренер, Лино Червар, кој отсуствува порадиселекторските обврски во репрезентацијата на Хрватска. Во негово отсуство екипата против Чеховски медведи од клупата ќе ја предводи, Александар Јовиќ.

На дуелот со Мотор Запорожје, екипата на Металург одигра растоварено и прецизно, посебно во првото полувреме, а Јовиќ успешно одговори на предизвикот. Металург го освои првиот гостински бод сезонава, а во денешното второ гостување во серија за неколку дена ќе атакува на победа против аутсајдерот во групата.

Се вчитува...