Металург врти нов лист, младите ќе добијат шанса против Спортинг

Очајната игра на голем дел од ракометарите на последниот дуел против Бешикташ придонесе Лино Червар да направи значаен „рез“ во тимот за денешниот дуел со Спортинг Лисабон. Иако Хрватот во текот на оваа седмица воопшто не беше во Скопје, а тренинзите ги водеше Александар Јовиќ, Червар сепак реши да ја подмлади екипата па шанса да им даде на дел од играчите кои настапуваат за вториот тим на Металург во Супер-лигата на Македонија.

Металург на оваа средба ќе настапи во променет состав во однос на оној со кој настапи на средбата со Бешикташ. Место Томовски на Арсиќ ќе му помага Даниловски, место Петров во составот е Арсеновски, на десното крило место Гуглета повикан е младиот Мице Шилегов, а на местото на Лапајне во составот ќе му припадне на младиот Серафимов.

Останува да се види како ќе функционира играта на „металурзите“ со нешто променет состав, но и како тактички ќе биде подготвен тимот, откако Червар беше целосно надмудрен од тренерот на Бешикташ на минатонеделниот меч во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...