Металург загуби од Саран во битката за 3. место на турнирот во Монлисон

Металург загуби во натпреварот за 3. место на турнирот во Монлисон, Франција, од екипата на Саран која славеше со 35-33 (18-12).

„Металурзите“ средбата ја загубија во првото полувреме, во кое противникот успеа да ги казни бројните грешки на македонскиот состав. Во вториот дел Металург го засили притисокот и дојде во позиција да се бори за победа, стигна до 32-32, но во решавачките моменти Саран повторно создаде предност за конечна победа.

Со овој натпревар Металург ги заврши подготовките во Франција. Поради некомплетниот состав, но и поради желбата на тренерот Кастратовиќ шанса да добијат сите ракометари, резултатот на ова турнеја беше во втор план.

Се вчитува...