„Металурзите“, негативни на Ковид-19, отпатуваа за Швајцарија

Ракометарите на Металург утрово заминаа за Истанбул, од каде утре патуваат за Цирих на реванш дуелот против Криенс од плеј-офот за влез во групната фаза од Лигата на Европа.

Сите ракометари како и членови на стручниот штаб и раководството на клубот се негативни на корона-тестовите, па тренерот Зоран Кастратовиќ на располагање ќе ги има сите потребни играчи.

Металург утре ќе стигне во Цирих, каде ќе има и официјален тренинг пред натпреварот со Криенс кој ќе се игра во вторник, со почеток од 18:45 часот. Металург има два гола предност од првата средба во Скопје.

Се вчитува...