Метјланд Најлс си заминува од Арсенал

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Ејнсли Мејтланд-Најлс најави дека на лето ќе се раздели со својот долгогодишен клуб.

Овој 25-годишник, кој помина низ младинската школа на „топчиите“, на вкупно 132 натпревари постигна три гола и додаде осум асистенции, а моментално е на позајмица во Саутемптон.

„Тоа беше одличен почеток на мојата игра, но сега се е при крај. Време е за нешто ново, да се најде нов дом. Со нетрпение очекувам, а во исто време сакам да му помогнам на Саутемптон што е можно повеќе во борбата за опстанок. Целосно сум фокусиран на тоа тимот да опстане, се трудам да останам позитивен и да победувам. Кога ќе дојде крајот на сезоната, тогаш ќе размислувам за продолжување на кариерата, сега сум целосно фокусиран на други задачи. Саутемптон е голем клуб, каде што треба да бидете и да играте повеќе. Ако ми понудат, со задоволство ќе останам овде“, изјави Мејтланд-Најлс. 

 

Се вчитува...