Мхитарјан е прва ѕвезда, Барсегјан и Хамбарџумјан се како дома…Ерменците тренираа на „Филип Втори“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Ерменија го одржа официјалниот тренинг на арената „Филип Втори“ во Скопје, во пресрет на утрешниот натпревар од второто коло во Лигата на нации. Хенрик Мхитарјан, фудбалерот на Арсенал, е најголемата ѕвезда во составот на селекторот Вардан Минасјан, а има и двајца „домашни“ кои многу добро ја знаат секоја педа од теренот. Тигран Барсегјан се уште го носи дресот на Вардар, а Хофханес Хамбарџумјан си замина ова лето и ја продолжи кариерата на Кипар.

Но, ова е меѓународна пресметка, а Ерменија е наш главен ривал за првото место. И тие утре ќе бидат далеку од „наши“…

 

Се вчитува...