Михајловиќ и Тадиќ – српски лауреати

Синиша Михајловиќ и Душан Тадиќ се лауреати во изборот за „најдоброто во српскиот фудбал за 2019 година“, избор што традиционално го организира Фудбалскиот Сојуз на Србија.

Михајловиќ е избран поради одличните резултати на клупата на Болоња во клучниот дел од ланската сезона, кога го спаси овој тим од работ на амбисот и обезбеди опстанок во елитното друштво. Што се однесува до Тадиќ, голгетерот имаше серија извонредни настапи во дресот на Ајакс и националниот тим, па заслужено ја доби втората ваква награда, по онаа во 2016 година.

Свеченоста на која ќе бидат врачени наградите на Михајловиќ и на Тадиќ ќе се одржи на 20 декември во Белград.

Се вчитува...